ВИДЕО: Почуствувајте како им е на фудбалерите кога излегуваат на терен

Одличната снимка е направена на холанското дерби и покажува како им е на фудбалерите кога ќе излезат пред преполн стадион.

Минатиот викенд Феенорд во Ротердам го пречека Ајакс во најголемото дерби во холандскиот фудбал.

Гостите од Амстердам славеа со минимални 1:0, а од овој натпревар ни доаѓа феноменална снимка која најдобро може да ни долови какво е чуството да се биде фудбалер во едно вакво дерби.

Камерманот Бен де Граф со посебна Canon камера го сними излегувањето на играчите на двата тима, нивното загревање пред почетокот на утакмицата и фантастичната атмосфера на трибините.

 

28.09.2014 - 15:18

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа