Меси: Суарез ќе биде огромно засилување за Барселона

Најдобриот играч на Барселона Лионел Меси рече дека Луис Суарез ќе биде огромно засилување за екипата, која сезонава има аспирација да биде на врвот во шпанскиот и европскиот фудбал.

- Имавме среќа Суарез да дојде во Барселона. Со него во составот ќе бидеме многу посилни и ќе можеме да играме поразновидно. Мораме повторно да почнеме да освојуваме трофеи. Амбициите остануваат исти како лани. Минатата година немавме успех и сега мора да го подобриме впечатокот, изјави за телевизијата ЕСПН аргентинскиот интернационалец Лионел Меси.

На Суарез на крајот од октомври му истекува четиримесечната суспензија поради гризнувањето на Џорџо Кјелини за време на Мундијалот во Бразил. 

27.09.2014 - 13:50

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега