Јиха нема да игра против Македонијa

Најдобриот поединец во репрезентацијата на Чешка Филип Јиха нема да настапи на квалификацискиот дуел помеѓу Чешка и Македонија кој е на програмата на 2.ноември во Злин.

Публиката и во Скопје нема да има можност да го гледа Јиха ниту во дресот на Кил. Германскиот тим се наоѓа во иста група со македонскиот шампион Металург во натпреварите од Лигата на шампионите. Кил во Скопје треба да гостува на 18-ти октомври.

Инаку, нашата ракометна репрезентација својот прв квалификациски меч ќе го одигра на 29-ти октомври против Швајцарија во Скопје. Во истата група уште се наоѓаат европскиот првак Франција против кого Македонија ќе игра во 2015 година.

27.09.2014 - 11:04
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа