Вардар на гостински терен против Целје ја започнува новата сезона во Лигата на шампиони

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар денеска против Целје на гостински терен ќе ги почне натпреварите во елитното натпреварување Лигата на шампионите.

Oва ќе биде прва меѓусебна пресметка меѓу овие две екипи во историјата на најсилното европско клупско натпреварување.

За „црвено-црните“ ова ќе биде осма сезона во групната фаза од Лигата на шампионите, а досега девет пати играле во најсилното клупско европско натпреварување.

Натпреварот Целје – Вардар ќе почне од 20 часот и 30 минути.

Во Ц групата покрај Вардар и словенечкиот тим настапуваат уште и Веспрем, Рајн Некар, Чеховски Медведи и Монпелје.

Првите четири продолжуваат во осминафиналето.

Вториот македонски претставник во ЛШ, тимот на Металург утре во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува ПСЖ.

27.09.2014 - 11:10
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега