Шест загинати ученици и 25 повредени во стампедо во училиште во Кина

Шест ученици загинаа и 25 се повредени во стампедо во основно училиште во Кунмиг, град на југ во Кина.

Вицепремиерката Лиу Јадонг побара да се спроведе истрага и резултатите јавно да се изнесат.

Засега не е јасно како настанало стампедото, објави службата на училиштето задолжена за медиуми.

Градските официјални лица соопштија дека повредените ученици се хоспитализирани.

26.09.2014 - 16:45

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа