Владата ќе сувенционира евтини летови и следната година

Со 36 европски дестинации, 13 авиопревозници ќе ја поврзуваат Македонија и со зимскиот ред на летање. Според информациите на МРТ покрај постојните, нови дестинации засега нема да има. Сите авиокомпании што сега оперираат ќе продолжат и од крајот на октомври до март следната година. Нискотарифната Виз Ер со зголемена фрекфенција споредбено со минатата сезона. Редот на летање се уште се подготвува, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

„Очекаваме континуитетот на оперирање на нискобуџетните компании да продолжи за новогодишните празници, динамиката да продолжи со поголемо темпо за што и ние сме подготвени да им ги дадеме потребните дозволи“, вели Дејан Мојсоски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловтсво.

Виз Ер ќе има 40- тина лета неделно. Ќе превезува патници од и кон 14 дестинации. Два пати неделно до Париз, три пати до Ајнховен, Минхен и Лондон, четири пати до Малме. Со владините субвенции го зголеми и бројот на дестинации и патници.

Тригодишниот договор истекува во јули наредната година. Од Владата за МРТ потврдуваат - почетокот на 2015-та ќе биде објавен нов повик оглас за финансиска подршка на авиопревозник, парите во буџетот се обезбедени.

Министерството за транснпорт и врски на почетокот на следната година ќе распише нов јавен меѓународен повик во конкурентна тендерска постапка за доделување финансиска подршка со цел развој на воздухопловниот сектор во Република Македонија и воздушниот сообраќај да биде што подостапен за граѓаните на Република Македонија, велат од Владата.

Владата продолжува со субвенционирање на авиокомпании што ќе донесат поконкуренти цени, а процедурата за национален авиопревозник е отворена. Се уште пазарот се анализира. Екпертите велат и ова ќе донесе и нови бенифиции.

„Нашите стручни кадри пилоти, стјуардеси ќе се врата повторно во Македонија, тие се сега секаде расеани низ целиот свет“, посочува Кирил Кајевски , поранешен пилот.

Од буџетскта каса за субвенции во авиобизнисот беа одделени 4,9 милиони евра, еднократна кеш инјекција од 40 илјади за секоја новоотворена дестинација, пари и за секој превезен патник. Евтините авиолетови донесоа вистински бум.

26.09.2014 - 15:50

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега