Извршена е првата кардиохируршка интервенција во Македонија на предвреме родено бебе

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е извршена првата кардиохируршка интервенција во државата, на предвремено родено бебе тешко 870 грама.

Од болницата денеска на прес-конференција истакнаа дека по две-три недели поминати со асистирано дишење кај бебето старо 34 дена, еден крвен сад кој ги поврзува големите артерии (dictus arteriosus) останал отворен, интервенирањето со лекови не помогнало и затоа морало да биде направена интервенција.

Шефот на Одделот за кардиохирургија проф.д-р Салис Таџер, кој заедно со неговиот тим успешно ја извршил интервенцијата, рече дека хируршкиот зафат не бил изведен во операциска сала, туку во инкубаторот каде се наоѓало бебето. По интервенцијата, посочи тој, бебето почна слободно да дише.

Нагласи дека тежината на бебето била под еден килограм и затоа интервенцијата била многу ризична.

Доктор Симонида Спасевска рече дека бебето сега има седум месеци и тежи 5 килограми.

26.09.2014 - 14:11

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега