Големо невреме во северна Грција

 

Пороен дожд предизвика хаос и блокади низ централните улици во Солун.

Силен ветер и дожд, наместа проследен и со град, се главните карактеристики на лошото време во останатиот дел на Грција.

Во северниот дел од земјата и на островите дуваат силни ветрови, а метеоролозите очекуваат температурите да се намалат и до 10 степени Целзиусови.

Грчката сообраќајна полиција ги предупреди возачите да бидат внимателни, бидејќи патиштата во земјата се влажни, а на некои места има и појава на голомразица. 

26.09.2014 - 13:17

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега