Не беше кражба, сакаа да ме убијат- се огласи гувернерката на Народната банка

 

Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, која е нападната во хотелот „Маестрал“ во Црна Гора, изјави дека кобната ноќ во нејзината соба 1409 сигурно не бил крадец, туку некој кој сакал да ја види мртва.

 

-Веројатно сметал на инфаркт без можност да се спасам со лекови, вели Табаковиќ.

 

Напаѓачот дошол во хотелот во 4:50 наутро, а го напуштил во 5:12. Точно знаел каде оди-право во собата 1409 во која била гувернерката.

-Не го зема накитот од масата, ни телефонот, ни пасошот, ниту паричникот од торбата...Ништо, само мал невпечатлив несесер кој беше на дното од торбата со лекови за срце. Не е непознато дека имам сериозни срцеви заболувања, а секој на појадокот можеше да види дека пијан лекови токму од тој несесер, вели Табаковиќ.

Манијакот и се заканил на гувернерката дека не смее да бара помош, се додека не побегне, а потоа почнал да се спушта низ терасите бегајќи.

 

 

Набрзо е уапсен и предаден на понатамошна постапка.

26.09.2014 - 13:00

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега