Украинските и руските воени команданти ја означуваат тампон-зоната
Украински и руски воени претставници денеска се состанаа да ја означат предложената тампон-зона на истокот на Украина од која украинските сили и проруските сепаратисти треба да го повлечат артилериското и друго тешко оружје, соопштија украински воени претставници.
Украинските претставници наведуваат дека трилатералната група, во која се наоѓаат и 76 претставници на руската војска и на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), се состанале северно од градот Доњецк, на истокот на Украина.
На 5 септември во Минск беше потпишан Протокол, со кој стапи во сила прекин на огнот, а на 19 септември претставниците на Украина и Русија се усогласија за неговото спроведување, општиот прекин на огнот и формирање тона 30-километарска тампон-зона под надзор на ОБСЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа