Го заборавил својот Ајпод во авион- еве што му направиле струјардесите

 

Американецот Стефан Хруда го заборавил својот Ајпод 4  во авионот со којшто летал, а кога го добил назад се шокирал, поточно се чувствувал како да добил на лотарија.

Тоа што Стефан го видел на уредот откако му бил вратен од авиокомпанијата навистина го воодушевило. Тој во својот ајпод пронашол колекција од селфи фотографии од убавите стјуардеси. Со нив тие му покажале на патникот дека од авионската компанија знаат како да се однесуваат кон своите патници, што значи понекогаш да бидат подготвени за безопасни но занимливи шеги.

- Тоа беше навистина забавно. Среќен сум што си го добив мојот ајпод назад и се надевам дека никој нема да биде толку глуб да ги сиспендира прекрасните стјуардеси поради фотографиите кои ми ги подарија, истакнал Хруда, кој додал дека ќе си ги зачува фотографиите, но нема да ги сподели со јавноста.

26.09.2014 - 11:43


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега