Работилница на тема ”Превенција и самоодбрана против насилството”
Во периодот од 23-25 септември во Скопје се одржа Работилница на тема ”Превенција и самоодбрана против насилството”, која беше органиизирана под покровителство на Канцеларијата на полициското аташе при Амбасадата на Италијанската Република во Република Македонија а финансирана од страна на TAIEX инструментот на Европската Комисија.
Целта на оваа обука беше да им овозможи на вработените во Министерството за внатрешни работи поефикасно препознавање на потенцијалните напаѓачи, а со тоа превентивно и навремено спречување на напад и тоа, како на нив директно, така и напад насочен кон други лица.
На завршната церемонија на доделување на сертификатите, покрај учесниците од МВР и експертите од Италија, Велика Британија и Франција, присуствуваа и Амбасадорот на Италијанската Република во Република Македонија, Н.Е. Ернесто Белили, како и Помошникот министер за Европска Унија и меѓународна соработка, г-дин Сали Рамадани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа