ФОТО: Нема да верувате што направило ова момче со својата ампутирана нога

Лео Бонтен доживеал несреќа кај пријател на скара, кога се лизнал на базен на надувување и после две години и бројни операции, морале да му ја ампутираат ногата.

Во својот живот тој преживеал сешто - се коцкал, се обложувал и на борби со петли, имал стравична несреќа со моторцикл, дури бил и зависник од хероин, но начинот на кој ја изгубил ногата е крајно бизарен.

Лео успеал да добие „сопствеништво“ над својата ампутирана нога и одлучил да ја претвори истата во – собна лампа!

„Мојата нога е мое сопствеништво и јас сакам таа да биде кај мене. Кога луѓето можат да ги чуваат своите бубрези во тегли или пепелта на покојник да ја имаат во своите тетоважи, јас не гледам зошто ова би било поразлично“, вели Лео. Неговата нога сега се наоѓа во цилиндер кој го опкружуваат неколку метални прачки, што го симболизира неговото „робување“ на својата повредена нога – тој вели дека таа буквално го претворила во затвореник.

26.09.2014 - 10:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега