„Ракувања“ - книжевна работилница на ДПМ

Почит, толеранција, соработка и хуманост, e мотото на книжевната работилница „Ракувања“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) што почнува денеска во Струга.  

Учесниците на првата книжевна работилница на ДПМ се поетите Стојан Тарапуза, Елена Пренџова, Кире Неделковски, Делвина Керлуку и Борче Панов.

Поетите до 30 овој месец ќе создаваат во Центарот за едукација и рекреација „Солферино“ на брегот на Охридското Езеро, а потоа во Домот на културата во Струга, со учество на членовите на ДПМ од овој регион, ќе имаат заедничка литературна средба.

Друштвото на писатели на Македонија го организира проектот во соработка со Црвениот крст на Република Македонија. 

26.09.2014 - 10:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега