Открил дека ќе умре пред Божиќ: Еве какво изненадување му приредиле соседите

60- годишниот Френк Хендерсон открил пред две недели дека боледува од рак. Истиот ден му било соопштено дека има само уште неколку недели живот. Семејството веднаш направило листа на желби и активности кои заедно ќе ги исполнат пред неговата смрт.

Се' започнало во куќата на Хендерсон, а потоа соседите, потресени од неговата приказна, одлучиле во знак на солидарност целото соседство да го накитат во духот на Божиќ и празнично расположение.

 

Бидејќи во неговиот крај бил познат како голем љубител на прославата на Божиќ и украсите на куќите и во дворот секогаш прв ги кител, соседите одлучиле да му приредат изненадување.

Најверојатно Хендерсон нема да успее да го доживее 25-ти декември, па така одлучиле да го доведат Божиќ во своето соседство малку порано, за да би можел уште еднаш за последен пат да ужива во прославата на овој празник. 

Се' започнало во куќата на Хендерсон, а потоа соседите, потресени од неговата приказна, одлучиле во знак на солидарност целото соседство да го накитат во духот на Божиќ и празнично расположение.

 

Возрасните ги наместиле светилките, а дечињата истуриле насекаде вештачки снег за да се долови целосно амбиентот. Насмевката на неговото лице се' ви кажува. 

26.09.2014 - 10:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега