Неколку скопски населби викендов без вода

Поради реконструкција на водоводна цевка на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ утре и задутре ќе има прекин на водоснабдувањето во населбите Козле, Трнодол, Жданец и Нерези.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека прекинот во сабота ќе биде од 12 до 19 часот и во недела од 09 до 19 часот.

26.09.2014 - 10:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега