Доживеал хорор во ресторан- изел суши а потоа сушито започнало да му го "јаде" желудникот

Еден Кинез не можел да му одолее на Сашими, најскапиот вид на суши и додека го јадел не ни му паднало на памет дека всушност тој ќе стане храна. Неговиот оброк започнал да го јаде него одвнатре. Почувствувал силни болки во желудникот и неподносливо чешање па побарал помош до лекарите, кои утврдиле дека неговите мачнини ги предизвикуваат црви кои се наоѓаат во неговите црева. Инвазијата од црви го нападнала неговото тело. Овие црви можат да пораснат и до 15 сантиметри само за неколку недели. 

Кинезот преживеал, но имал многу среќа бидејќи овие црви несат јајца низ целото тело кои подоцна стануваат нови црви и многу е тешко да се исчистат. Симптомите вклучуваат замор, запек, болки во стомакот, но најчудно е што заболените понекогаш не приметуваат ништо. Ларвите можат да го изедат црниот дроб, очите и срцето и да бидат фатални.

26.09.2014 - 09:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега