Трагедија во Белград: Изгоре барака- загинаа три деца

Трагедија во општина Нов Белград, загинаа три деца при пожар во барака. Како што соопштил Раде Милошевиќ, началникот на Службата за вонредни состојби на Белград, во пожарот изгорела барака од 20 метри квадратни, кој била изградена од картони и штици.

Млошевиќ додаде дека набрзо по избувнувањето на пожарот на местото пристигнале две противпожарни возила, но бараката веќе била целоно уништена „имајќи го предвид типот на градбата“.

Загинатите деца биле на возраст од пет, седум и девет години.

26.09.2014 - 09:37


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега