Расправа за Предлог-буџетот за 2015 година

Собраниската  Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2015 година.

Предложениот буџет, за кој расправата почна вчера, е проектиран на раст од 4 отсто на БДП, инфлација од 2 отсто и буџетски дефицит од 3,5 отсто.  Вкупните приходи за следната година се проектирани  на 163 милијарди и 280 милиони денари, а расходите  на 181 милијарда 777 милиони денари. 

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со предложениот буџет за наредната година продолжува поддршката на стопанството и на стандардот на граѓаните преку одвоениот значителен износ за капитални инвестиции и преку зголемување на платите, пензиите и социјалните надоместоци.

26.09.2014 - 09:15


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега