Македонија воведува Facebook инспекција - ќе летаат казни за лоши објави

До Дирекцијата за заштита на лични податоци, стигнуваат се поголем број жалби по разни основи. Само минатата година таму пристигнале 400 жалби за повреда на личните податоци во кои повеќе од половина се однесувале на повреди преку социјалните мрежи, објавува 24вести.  Првиот човек на дирекцијата, Димитер Ѓеоргиевски, вели дека во констултација со експерти од странство, Дирекцијата за заштита на личните податоци изготвува нова правна легислатива со која ќе се врши инспекциски он лајн надзор.

 

Странските познавачи на оваа проблематика велат дека Македонија е спремна да воведе он лајн инспекција. Тврдат дека на овој начин Дирекцијата ќе игра клучна улога во вршење на надзорот, како што во пракса се покажало дека добро функционира во земјите кои веќе работат по овие принципи.  - Според Европската конвенција за човекови права и Повелбата за човекови права на ЕУ, мора да постои тело за супервизија кое ќе постапува правно по овие предмети. Затоа треба да се дизајнира обемот како поефективно да се спроведуваат овие функции и во која насока ќе се одвива работата на овие инспекции, вели Арно Реијо, Омдудсман за заштите на лични податоци Во Финска. 

25.09.2014 - 22:30


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега