Вработување во Македонски Телеком - плата 43.000 денари

Служба за безбедност на податоци и NT/IT, Сектор за управување со услуги и инфраструктура во Областа на Главниот директор за информатичка технологија       
 
Специјалист за телекомуникациска безбедност                                                                                            
 
Краток опис на потребни услови, работни задачии способности/ вештини за работното место
 
Услови:
 
- Високо образование – Технички факултет (Електротехника, Телекомуникации, Информатички технологии)
- Инженерско ниво на компјутерски вештини; напредни познавања на безбедност на телекомуникациски и компјутерските мрежи; познавања од областа на криптографија и заштита на податоци; познавања од управување со ризик, ISO стандарди, сигурносни регулативи
- Познавања од мрежните технологии и елементи во употреба во фиксната и мобилната телефонија; познавања од технологиите и системите, како инфраструктурата, така и опремата на клиентска страна, за овозможување на широкопојасни Интернет услуги;
- Познавања од технологиите и системите, како инфраструктурата, така и опремата на клиентска страна за овозможување на IPTV
- Активно познавање на англиски јазик
- 3-5 години соодветно работно искуство
 
Работни задачи:
 
- Одговорен за процесот на управување со соодветна безбедносна инфраструктура со цел функционирање на сите мрежни системи и сервиси, превенција на упади и неовластен пристап и користење на системи/ информации
- Имплементирање и оперирање со безбедонсната инфраструктура во Областа за техника (НТ) и овозможување сигурно и непрекинато функционирање на сите НТ системи и сервиси, превенција на упади и неовластен пристап и користење на системи/ информации
- Имплементација и конфигурирање на безбедносни параметри во системите од фиксната и мобилната телефонија, инфраструктурата и опремата на клиентска страна за овозможување на широкопојасни Интернет услуги, како и инфраструктурата и опремата на клиентска страна за овозможување на IPTV услуги
- Справување со ИТ и НТ сигурносни инциденти CIRT (Computer Incident Response Team) со стручно знаење од областа на безбедноста на телекомуникациите
- Учество во корпоративните и ИТ/НТ проекти согласно улогата на ИТ/НТ безбедност дефинирана во процесот за проценка на сигурност и приватност (PSA – Privacy and Security Assessment), како и преку дефиниција и ревизија на решенија во доменот на телекомуникациска безбедност и безбедност на системите
- Учество во планирање на CAPEX/OPEX буџет во рамките на организационата единица според компаниските и финансиските приоритети на ИТ и НТ
- Учествува во имплементирањето на клучни показатели за извршувањето на работата во организационата единица
- Активно учество во сигурносните програми во рамки DT групацијата кои влијаат на зголемување на ефикасноста во работењето на локално ниво
 
Способности и вештини:
 
- Одлични организациски и комуникациски способности
- Аналитички способности и способност за решавање на проблеми
- Одлични вештини за пишување на извештаи
- Способност за работа под притисок и со кратки крајни рокови
- Тимска работа
 
Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование со молба и биографија (CV со препораки и дипломи), писмо за намери на македонски и англиски јазик 
 
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата или истата да ја испратите на следнава адреса :Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 или директно во Централната архива со назнака Молба за надворешен оглас – за ангажирање на лице за следната позиција -  Специјалист за телекомуникациска безбедност
 
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667
 
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.
 
Основна нето плата е во висина од 42.905,00 денари и додатоци на плата.
 
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
 
Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место
 
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.
 
 
Датум на отворање: 24.09.2014     Датум на затворање: 03.10.2014
25.09.2014 - 22:00


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега