САД ќе организира конференција за Блискиот Исток без нуклеарно оружје

САД планираат организирање еднодневна конференција за Блискиот Исток без нуклеарно оружје.

Конференцијата, како што изјави американскиот потсекретар Том Кантримен во Виена, може да се одржи веќе во следните месеци во Хелсинки.

Оваа година се одржани пет состаноци на арапски држави и Израел со цел подготовки за конференција, укажа тој.

Кантримен изјави дека пред четири години Израел не бил подготвен за сериозно учество, а сега израелската Влада сигнализира подготвеност за тоа. Според него, учесниците во разговорите признаваат дека создавање зона без нуклеарно оружје на Блискиот Исток би бил долгорочен проект.

25.09.2014 - 19:18


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега