Кипарските екипи спасија 345 илегални имигранти од брод што тонел во близина на брегот

Кипарските спасувачки екипи денеска успешно ја завршија операцијата за спасување на 345 илегални имигранти од брод кој тонел во источниот дел на Средоземно море, на 100 километри од Кипар, изјави шефот на пристаништето во Лимасол, Јоргос Пурос.

Тој истакна дека илегалните имигранти, најверојатно бегалци од Сирија, се добро. Меѓу нив 293 се возрасни и 52 деца.

Кипарското Министерство за одбрана соопшти дека имигрантите ќе бидат сместени во бегалски камп во близина на Никозија.

25.09.2014 - 18:57


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега