Највредните 19 материи на светот

19. Бел тартуф

Цена: до 5 долари за еден грам или 5.000 долари за килограм

За што се употребува: Оваа сезонска печурка може да се комбинира со тестенини, јајца, ориз...

18. Шафран

Цена: 11 до 13 долари за грам

За што се употребува: Шафранот е билка која може да се користи во природните лекови за рециси се, од лечење депресија до ублажување на менструалните болки.

17. Ирански Белуга кавијар

Цена:35 долари грам

За што се употребува: Овие скапи рибини јајца се јадат ладни и во мали залаци како предјадење на несолени крекери или леб.

16. Злато

Цена: 39,81 долари за грам

За што се употребува: Освен неговата употреба во изработка на накит, овој метал може да се користи за електрична спроводливост и како материјал за изработка на предмети отпорни на корозија.

15. Родиум

Цена:45 долари за грам

За што се употребува: Главно се употребува во изработката на тросмерни катализатори за смалување на емисијата на јаглерод диоксид.

14. Платина

Цена: 48 долари за грам

За што се употребува:Се користи како катализатор во научни експерименти, за изработка на накит и производство на лекови против рак.

13. Рог од носорог

Цена: 55 долари за грам

За што се употребува:Наводно има лековита моќ во лечење на рак 

12. Крем де ла Мер

Цена:70 долари за грам

За што се употребува: Секојдневно мачкајте се со овој чудесен крем и останете вечно млади

11.Хероин

Цена:до 110 долари за грам

За што се употребува:за ништо!!!

10. Метамфетамин

Цена:120 долари за грам

За што се употребува:како и хероинот!!!

9. Крек

Цена: до 600 долари за грам

За што се употребува: за ништо!!!

8. ЛСД

Цена:во кристална форма чини околу 3.000 долари за грам.

За што се употребува:популарна во шеесетите, предизвикува халуцинации.

7.Плутониум

Цена: околу 4.000 долари за грам

За што се употребува: во воени цели или за нуклеарни реактори. 

6. Таафеите

Цена: меѓу 2.500 и 20.000 долари за грам

За што се употребува:за изработка на накит. Многу е редок и издржлив.

5.Трициум

Цена:30.000 долари за грам

За што се употребува:Трициум е радиоактивен изотоп на водородот кој се користи за самосветлечки EXIT знаци во кина, училишта и деловни објекти.

4. Дијаманти

Цена:совршен безбоен дијамант може да чини повеќе од 65.000 долари за грам

За што се употребува: за жени

3. Паинит

Цена: 300.000 долари за грам

За што се употребува: најредок минерал, моше да се користи во лековити цели или како колекционерски предмет.

2. Калифорниум 252

Цена:27 милиони долари за грам

За што се употребува: Калифорниум се користи во апарати кои откриваат слоеви на нафта и вода во нафтени бушотини.

1. Антиматерија

Цена:100 милијарди долари за грам

За што се употребува: во иднина би можела да се користи како погонско гориво за вселенски бродови.

25.09.2014 - 18:18


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега