Мукоски: Буџетот за 2015 година ја предвидува позитивната економска иднина на Македонија

Претседавачот на Комисијата за финансирање и буџет, Крсто Мукоски на денешната расправа на комисијата по повод Буџетот на Република Македонија нагласи дека предложениот Буџет за 2015 година е развоен буџет.

Мукоски во своето излагање се посвети на повеќе сегменти кои што ги содржи Буџетот за 2015 нагласувајќи дека овој буџет ја предвидува позитивната економска иднина на Македонија во 2015 година. Правејќи компарации со земјите од соседсвото, Мукоски посочи дека со овој буџет се предвидуваат зголемувања на платите, пензиите и социјалните трансфери што не е пример во земји како Србија, Хрватска, Словенија и други кои се соочуваат со сериозни кратења на средства во овие сектори.

-За разлика од неколку земји кој што се во нашето соседство и некогаш живеевме заедно во Република Македонија имаме сосема спротивни показатели. Онака како што вети Владата на Република Македонија, така и треба да го одржи зборот, ќе имаме зголемување од 4% на платите во јавниот сектор, ќе имаме зголемување на пензиите од  5%, ќе имаме зголемување и на социјалните трансфери за ранливите категории. Нема да има отпуштење на вработени од јавниот сектор, се предвидува дополнително намалување на невработеноста преку привлекување на странски директни инвестиции  и отварање на нови капацитети, рече Мукоски.

На крајот од своето излагање, Мукоски ги повика СДСМ да не изнесуваат разни невистини во јавноста и да ги поздрават овие позитивни работите кои се во корист на Македонија,  граѓаните и нивниот стандард.

25.09.2014 - 14:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа