Червар: ПСЖ има најдобар состав во светот, но...

Во недела македонскиот ракометен шампион ја почнува новата сезона во Лигата на шампионите, а во „Борис Трајковски“ гостува францускиот ПСЖ.

За прв пат во историјата клубот од Автокоманда сезоната во Лигата на шампионите ја почнува директно од групната фаза, благодарејќи на освоената шампионска титула. Во претходните години два пати Металург стигнуваше до осминафиналето и еднаш играше во ТОП 16 фазата.

Оваа година целта е иста, првенствено пласман во ТОП 16, а потоа се е можно.

- Се разбира дека тврдам дека имаат најсилна екипа во светот, а зошто не не биле шампиони, тоа е друго прашање, јас зборувам за структурата на тимот. Никој, ама баш никој нема посилен тим и повеќе пари. Но, тоа не значи дека ние уште сега треба да кренеме бело знаме. Се разбира дека таа улога на огромен фаворит ПСЖ ќе мора да го докаже во недела на натпреварот, а нам ни преостанува тоа да го спречиме, вели Лино Червар.

Истото мислење го дели и капитенот Наумче Мојсоски, кој притоа додаде дека треба да се одигра смиерно, со сигурни напади и додавања.

- ПСЖ сигурно ќе сака да ја искористи промената на еден до двајца играчи во нашата одбрана и со лесни голови да направат предност и да немаат проблем. Нашата цел е тоа да го спречиме. Овој натпревар нема многу да се разликува од минатогодишниот. Ние не смееме да брзаме, не смееме да им ја даваме топката лесно поради нивната брза транзиција, а доколку тоа го сведеме на минимум, тогаш натпреварот ќе биде тесен до крај, вели капитенот Наумче Мојсоски.

25.09.2014 - 13:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега