Парнарџиева Змејкова на Балкански форум на јавно здравствено осигурување во Тирана

Менаџментот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска и утре ќе учествува на Осмиот Балкански форум на јавно здравствено осигурување, што се одржува во Тирана. Директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова ќе има своја презентација на Форумот на тема „Е-здравство, сегмент во кој Македонија е препознаена како лидер во регионот“.

На стручниот собир, соопшти ФЗОМ,  ќе учествуваат директори на фондови за здравство и од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Хрватска, Република Српска, кои ќе имаат свои излагања поврзани со предностите и негативните апсекти на главните финансиски методи на здравствениот систем.

Размената на искуствата на менаџерите на фондовите за здравство, предизвиците и начините со кои тие секојдневно се соочуваат, како и идеите за подобрување на здравствените услуги, како што се наведува, се можност да се согледа какви се решенијата на одредени прашања во соседните земји.

- Позитивните искуства се одлична можност да се види дали сличните решенија имаат апликативност во натамошното унапредување на здравствениот систем во Република Македонија, стои во соопштението. 

25.09.2014 - 13:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа