Барселона ремизираше, Севиља и се приклучи на врвот

На гостувањето кај Малага екипата на Барселона не усепа да победи, а тоа го искористи Севиља која на домашен терен го совлада Сосиедад и му се приклучи на каталонскиот тим на врвот на табелата.

Во 5.коло од Примера шампионот Атлетико Мадрид ја забележа третата победа и е на чекор од водечката двојка.

Постигнати резултати на досега завршените натпревари од петтата рунда во Шпанското фудбалско првенство: Реал Мадрид - Елче 5:1, Селта - Депортиво Ла Коруња 2:1, Алмерија - Атлетико Мадрид 0:1, Еибар - Виљареал 1:1, Рајо Ваљекано - Атлетик Билбао 2:1, Гранада - Леванте 0:1, Малага - Барселона 0:0 и Севиља - Сосиедад 1:0.

Вечерва играат: Еспањол - Хетафе и Валенсија - Кородоба.

Табела: Барселона 13 бодови, Севиља 13, Атлетико Мадрид 11, Валенсија 10, Реал Мадрид 9, Селта 9,...

25.09.2014 - 10:19


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега