Денеска цел ден ќе не дружи сонцето

Времето претпладне во Македонија ќе биде малку до умерено облачно со повеќе сонце на југоистокот од земјава.

Попладне насекаде облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и преку ноќта ќе има појава на повремен дожд.

Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, попладне со зголемена облачност и со повремен дожд кој ќе продолжи и во текот на ноќта.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Од утре попладне до сабота до попладневните часови ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд.

Во петок и во сабота ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Од недела ќе следува период на стабилно време со благ пораст на дневните температури.

25.09.2014 - 09:04


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега