На Сирија и се закануваат заразни болести

Светската здравствена организација предупреди дека со порастот на температурите во Сирија се зголемува и ризикот од појава на епидемии.

СЗО нагласува дека од почетокот на воените судири во Сирија здравстениот систем не функционира и додава дека ширењето на болестите, кои се пренесуваат преку вода, како хепатит, тифус, колера и дизентерија е неизбежно. 

Организацијата наведува дека во земјата од почетокот на јануари двојно е зголемен бројот на случаи на ентероколитис и хепатит А, како и дека поради неспроведување на вакцинациите почнале и епидемии на сипаници. 

СЗО во соопштението исто така наведува дека 35 отсто од болниците во Сирија не пружаат услуги.

најчитано сега