ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Умираше во болки! - Бел тигар усмрти момче во ЗОО во Индија

Дваесет и двегодишно момче почина откако било нападнато од бел тигар во зоолошката градина во Индија. Нападот се случил во зоолошката во Делхи вчера околу 13:30 часот. За сега нема точни информации како момчето се нашло во просторот кај тигрите, но се претпоставува дека скокнало самото. Сведоците велат дека целиот немил настан се случил во период од 10 до 15 минути пред да стигне полицијата. Но, за жал не успеале да го спасат момчето. 
„Бевме кај кафезите со рептили, кога слушнавме страшни викотници“, изјави еден од очевидците. 

Видовме како белиот тигар го држи момчето за врад кое пак се викаше од болки. Се мачеше 10 до 15 минути, но никој не му помогна“, вели сведокот. 

Тигар потекнува од мачки и е еден од четирите типа на „големи мачки“. Тој е вистински предатор и најголема жива мачка на светот. Бенгалскиот тигар е најпознат од својот вид, и претставува приближно 80% од вкупната популација на тигри. 

Иако секој вид се разликува, генерално, мажјаците тигри тежат помеѓу 120 и 250 килограми, додека женките од 90 до 150 килограми. Просечно мажјаците се долги меѓу 2,4 и 3,2 метри, додека женките од 2,1 до 2,75 метри. Суматранските тигри се најмали од сите тигри, додека сибирските се најголеми.

24.09.2014 - 18:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега