Eкипите на Ливерпул и Мидлсброу по 2:2 шутираа по 15 пенали

Во рамките на 3.коло од англискиот Лига куп на „Енфилд“ екипите на Ливерпул и Мидлсброу по 2:2 во 120 минути шутираа 15 серии пенали за на крајот премиерлигашот Ливерпул да обезбеди пласман во следната рунда откако пеналите завршија 14:13.

Ова воедно беше рекордна серија пенали во ова натпреварување откако претходно во три наврати резултатот бил 9:8.

Во текот на натпреварот Ливерпул водеше двапати. Најпрвин 17-годишниот дебитант Џордан Роситер донесе водство за „црвените“ во 10.минута. На 1:1 изедначи Адам Рич во 62.минута. Во продлженијата двата гола беа постигнати во второто. Ливерпул преку Сусо поведе со 2:1 во 109.минута, а Патрик Бамфорд изедначи на 2:2 во 120.минута од пенал.

Во серијата пенали кај Ливерпул промаши Рахим Стерлинг (одбрани Блекмен), а кај Мидлсброу Бамфорд (одбрани Мињоле) и Адома (го промаши голот).

На другите натпревари од 3.коло беа постигнати следниве резултати: Арсенал - Саутемптон 1:2, Кардиф - Бурнемонт 0:3, Дерби - Ридинг 2:0, Лејтон Ориент - Шефилд Јунајтед 0:1, Милтон Кејнс - Брадфорд 2:0, Шревсбери - Норвич 1:0, Сандерленд - Стоук 1:2, Свонси - Евертон 3:0 и Фулам - Донкастер 2:1.

Вечерва се играат натпреварите: Бартон - Брајтон, Челзи - Болтон, Манчестер Сити - Шефилд В., Тотенхем - Нотигем, Кристал Палас - Њукасл и ВБА - Хал.

24.09.2014 - 09:32


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега