Возачот тешко повреден - патниците префрлени во три скопски болници

Автобус на ЈСП утрово во 6 часот и 10 минути се преврте во Драчево. Повредени се 20 патници кои со 4 возила на Брза Помош се пренесени на скопските клиники. Според информации на zdravstvo24.mk 12 од патниците се транспортирани во Ургентниот центар каде е пренесен и возачот кој бил тешко повреден. На останатите повредени во тек се дијагностички процедури. Четири повредени има и во градската болница 8-ми септември кои според првичните информации се со полесни повреди. Четворица има и во Градската хируршка болница. Во текот на денот се најавени подетални информации за повредените а СВР Скопје че излезе со детални информации како дошло до превртување на автобусот.

23.09.2014 - 09:18


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега