Саат-кулата во Дојран ќе добие сосема нов лик

 

Истанбулската општина Чекмекој ќе финансира реставрација на Саат-кулата во Дојран, изградба на мал плоштад околу неа и реставрација на старата османлиска чешма во општината, информираше градоначалникот на Дојран Борче Стамов.

Стамов, на покана на градоначалникот на Чекмекој, Ахмет Појраз, ја предводеше дојранската делегација во дводневна посета на Турција.

Двајцата градоначалници ја договориле реставрацијата, на средба на која се зборувало за продлабочување на културната соработка меѓу двете општини.

Во рамки на посетата Стамов остварил средби со повеќе стопанственици од Истанбул пред кои ги презентирал можностите и условите за инвестирање во општина Дојран.

Договорено било и поголема делегација од општината и бизнис-секторот од Чекмекој да го посети Дојран кон крајот на август.

ФОТО: panoramio.com

најчитано сега