Украден сефот од Веро полн со пари
СВР-Битола соопшти дека ноќеска по полноќ од маркетот „Веро-6“ украден е сеф во кој имало повеќе од 1,6 милиони денари.
- Утрово во 6 часот и 50 минути во битолската полиција беше пријавено дека ноќеска, најверојатно 48 минути по полноќ, од непознат сторител извршена е тешка кражба, и притоа насилно е влезено во просториите на маркетот „Веро-6“ лоциран на Широк Сокак во Битола. Во кражбата одземен е сеф во кој според кажување имало 1.662.000 денари, истакна Магдалена Димитровска од секторот за односи со јавност во СВР-Битола.
Во тек е истрага за оваа тешка кражба што ноќеска се случи во Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа