Исламска држава упати апел до приврзаниците да убиваат граѓани на земји кои се борат против нив

 

Групата Исламска држава ги повика денеска своите приврзаници да убиваат граѓани на земји од меѓународната коалиција, која е формирана да се бори против џихадистичката група во Ирак и Сирија. 

- Ако можете да убиете американски или европски неверник, посебно злобните и нечесни Французи, потоа Австралиец, Канаѓанец или граѓанин на било која земја од коалицијата против ИД, повикајте се на Алах и одземете му го животот на секаков начин, повика портпаролот на групата, Абу Мухамад ал Аднани. - Убијте ги неверниците без разлика дали се цивли или војници, додава тој во пораката.

Пораката е аудио снимка на арапски со приближен превод на англсики, француски и еврејски, во неа се даваат упатства за начинот на кој треба да се водат овие напади без воена опрема.

- Удрете по главата со камен, заколете ги со нож, згазнете го со вашиот автомобил, фрлете го од високо, задавете го или отрујте го, се вели во упаството на терористичкото движење.

Американски и француски авиони извршија серија напади врз цели на џихадистичката група во Ирак, а САД вчера соопштија дека и други земји се заинтересирани да се вклучат во воздушните напади против организацијата во Сирија.

22.09.2014 - 13:11


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега