Македонец имал секс со свештеник за 150.000 евра?

Македонски државјанин е обвинет дека изнудил 150.000 евра од свештеник во италијанското село Валмарекија уценувајќи го шест години дека ќе каже оти имале секс, јавуваат тамошните медиуми. Свештеникот негира дека имал сексуални односи со нашинецот и дека му давал пари од милосрдие, а нашинецот тврди дека попот му плаќал за услугите што ги добивал, пишува Дневник   Во судот во Анкона минатата недела почна судскиот процес против нашинецот С.Ј. (36), кој дал своја одбрана, а свештеникот свој исказ пред судот ќе даде за два месеца.

Според обвинението, С.Ј., кој живее во селото во близина на Анкона, првпат побарал пари во 2005 година кога со својот автомобил се паркирал пред парохијата и влегол кај свештеникот. Нашинецот му рекол дека роднина на сопругата, кој живее во Валмарекија, му рекол за великодушноста на попот и за спремноста да им помага на сиромашните. Потоа Македонецот побарал пари за храна за него и за семејството и за поправка на автомобилот. Свештеникот се смилувал и му дал 400 евра, но С.Ј. продолжил да доаѓа. Кога сфатил дека Македонецот нема намера да престане да бара пари, попот одбил да му помага. Тогаш С.Ј. му се заканил дека на сите ќе им каже дека е хомосексуалец и дека имаат сексуални односи. Уценувањата продолжиле уште шест години кога свештеникот решил да го пријави нашинецот.

Не е познато зошто требало да поминат три години случајот да дојде на суд.  На судењето сведочела и сопругата на С.Ј.. Таа ја потврдила неговата приказна.  - Се случуваше сопругот да не се враќа навечер дома, а утредента ми кажуваше дека преспивал во парохијата. Потоа ќе ми ги покажеше парите и ќе ми кажеше како ги заработил. На почетокот ми беше гнасно, но парите ни требаа, па го прифатив тоа што го правеше – изјавила пред судот сопругата на уценувачот.  Таа објаснила дека повеќе пати доаѓала со С.Ј. кај свештеникот, но останувала пред куќата, по што сопругот и ги покажувал парите што ги добил.

 

  Подетално прочитајте во Дневник.

22.09.2014 - 10:49


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа