Наутро питачат а навечер... - приказна која го шокираше светот
Порталот Tz.de пишува дека во Салцбург, Австрија е откриена група измамници, кои глумат дека се питачи а месечно заработуваат по 2000 евра. Биле шпионирани 11 питачи кои преку ден глумеле лица со инвалидитет, а по завршетокот на работно време ги фрлале бастумите и инвалидските колички се качувале во своите автомобили, го земале Ајфонот во рака и оделе на пијалок со пријателите.
-Сигурно дека има питачи кои принудени од сиромаштијата молат за корка леб и некој денар. Сепак, се повеќе ги има измамниците кои заработуваат на човековото сочуство и емпатија, вели Франц Руф, директор на полициската инспекција.
Според Франц, шест измамници глумеле лица со инвалидитет се со цел да провоцираат емпатија кај случајните минувачи, а петорица им помагале со тоа што ситните пари ги крупнеле во банка и ги превезувале измамниците од едно место до друго. Меѓутоа, оваа банда не мамела само во Салцбург, туку и во други европски градови. Полицијата уапсила и 52 годишен маж кој принудувал четири лица да просат и им ги земал сите пари. Тој на своите соработници им ги украл пасошите по што ги уценувал и ги терал да просат. Неговите "робови" спиеле на улица а од неа добивале само два оброка дневно. На овој начин 52 годишниот маж заработил 63 илјади евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа