Што ќе се случува со времето во Македонија?

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево. Попладне ќе има делумно зголемување на облачноста, особено во источните региони и ќе има услови за локален краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 24 до 29 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне умерено облачно, а ќе има и услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во недела и во понеделник и натаму во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретка појава на грмежи.

Во вторник ќе настапи значително заладување со засилен северен ветер, а во претпладневните часови ќе има и врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Максималната температура во вторник на повеќето места ќе биде за околу 10 степени пониска во однос на претходните денови.

19.09.2014 - 16:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега