Конфискувана голема количина на пари во куќата на имамот Красниќи

 

 

При претрес во куќата на имамот на Големата џамија во Приштина, Шефќет Красниќи, конфискувала голема сума на пари. Како што пренесуваат косовските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, конфискувани се 8 илјади евра, над 7 илјади швајцарски франци, 2.300 американски долари, голема количина на денари чиј точен износ не се знае, голема количина на арапски монети и пакистански рупии,како и друга странска валута како и повеќе документи издадени на негово име од Република Србија.

Красниќи вчера беше уапсен во акцијата на полицијата заедно со уште единаесет имами и три други лица. Нему вчера попадне му беше изречена мерка 24 часовен притвор. Неговиот адвокат Бајрам Тмава, за весникот „Експрес“ потврдил дека Красниќи се товари за перење пари и додал дека доказите кои ги приложило обвинителството не држат.

18.09.2014 - 11:29


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега