Денес во Брисел ќе протестираат 10.000 полицајци
По улиците на Брисел денеска се очекува да протестираат 10.000 полицајци, незадоволни од недостигот на политички одлуки, поврзани со нивното рано пензионирање.
Се предвидува демонстрантите да ги блокираат улиците два часа во најфреквентиот период од денот во градот. Полицајците не се согласни со тоа дека партиите, кои преговараат за состав на новата влада не предвидуваат мерки во одговор на одлуката на Уставниот суд, со која возраста на пензионирање на таа категорија службеници беше зголемена.
Сега сите службеници на белгиската полиција можат да се пензионираат на 62 години, а до одлуката на судот, според категоријата, тие имаат право да излезат во пензија, ако навршиле соодветно 54 или 60 години.
Партиите, кои се очекува да состават нова федерална влада, предвидуваат построги услови за пензионирање на службениците во јавниот сектор, со кои се предвидува отфрлање на можноста за предвремено заминување во пензија.
Најзасегнати од мерката би биле полицајците и службениците во железниците, за кои досега се правеше исклучок и тие можеа да се пензионираат пред да навршат 60 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа