Вибер воведе видео повици

Петтата верзија на Вибер, апликацијата за размена на пораки и гласовни повици преку интернет, доби можност за видео повици, како и размена на контакти преку QR кодови.

Пред да стане дел од апликацијата, опцијата за видео повици преку мобилни апарати беше во фаза на тестирање цели две години, а претходно е имплементирана во десктоп опцијата на Вибер.

 

Освен видео повиците, во верзијата на апликацијата за iOS и Андроид апаратите, новина е и воведувањето на QR кодови, преку кои можат да се разменуваат контакт податоци со другите корисници.

Вибер до крајот на годинава најави уште три поголеми надоградби на апликацијата, кои, меѓудругото, ќе содржат и игри.

 

На почетокот од годинава јапонската компанија „Ракутен“ го купи Вибер за 900 милиони долари

16.09.2014 - 19:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега