Се вжешти линијата на “Ало докторе” – 100 јавувања за 3 часа

Уште првиот ден “бум” со Ало докторе. Линијата 15 123 вжештена уште од самиот почеток со работата. Од 08 до 11.30 часот биле регистрирани 100 јавувања на граѓани. Повиците биле за различни здравствени состојби и симптоматологии. Кој го болела глава, кој имал стомачни проблеми…сите барале телефонски совет од специјалистот кој денеска е на смена во повикувачкиот центар, јавува порталот Здравство24

При промоцијата на центарот, министерот за здравство најави дека на телефонските јавувања ќе одговараат 13 специјалисти од кои двајца се пензионери. По една смена, односно од 18 до 22 часот ќе дежураат и 39 директори на клиники и скопските здравствени установи. Денеска прв на смена е директорот на Клиниката за Гастроентерохепатологија. Надлежните очекуваат на овој начин сите граѓани кои имаат здравствен проблем да добијат одговор преку Ало докторе. Но и да биде растеретена работата на службата за Брза Помош каде според досегашните проценки дури 20 % од повиците не биле за нив.

15.09.2014 - 12:58


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега