Фејсбук ќе згасне во 2016 година?!
На популарната бизнис социјална мрежа Линкедин, корисникот Џош Клај објави напис во врска со можниот крај на Фејсбук. Според неговото мислење, моментално најпопуларната социјална мрежа на светото, својот крај би можела да го доживее во 2016 година.
„Фејсбук неодамна имаше проблем со тинејџерите кои масовно го напуштаа. Откако интернет гигантот им овозможи на сите да му пристапат, тинејџерите масовно почнаа да добиваат барања за пријателство од родителите и други повозрасни членови на семејството. Помладата популација масовно почна да „бега“ на Инстаграм, па затоа Фејсбук реши да го купи за „скромни“ милијарда долари.
До средината на 2015 година, Фејсбук ќе има сериози проблеми со пригодите. Бројот на корисниците во развиените земји ќе почне драстично да се намалува, додека единствениот пораст ќе го забележи во сиромашните земји каде луѓето немаат пари за рекламирање. Како резултата на тоа Фејсбук полека ќе почне да „умира“.
За да го зголеми својот приход, Фејсбук ќе започне со уште пожестоко форсирање на рекламите. Речиси 25 отсто постови во “News Feedu” ќе бидат спонзорирани содржини. Интернет гигантот ќе започне неколку пати на ден да испраќа “push” нотификации на паметните телефони, кои исто такак ќе бидат со рекламен карактер.
Лутите корисници масовно ќе почнат да ги бришат своите налози. Бројот на новите корисници нема да може да ги надомести бројните загуби, па во контекст на тоа приходите драстично ќе се намалат.
Извор: Вистина.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа