На дождот му се гледа крајот - еве кога доаѓа разведрувањето

Имајќи го во предвид времето кое го имавме во текот на викендот кој е веќе зад нас, може да се каже дека нé очекува нешто подобро бреме во текот на оваа работна недела. Но, генералното подобрување доаѓа кон крајот на денот среда, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Meteopro.

 

 

Вторник започнува со релативно суво утро и умерена облачност. Попладне повторно ќе има зголемување на облачноста и појава на релативно слаби и локални врнежи од дожд. Само во крајните источни делови од земјата, долж Осоговијата и Малешевскиот регион, врнежите ќе бидат нешто позастапени, но сепак не станува збор за големи количини на дожд.

Температурата во текот на денот ќе има максимална вредност околу 24°С во северната половина на земјата, во југозападниот регион околу 23°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 26°С.

 

 

Среда започнува со само малку посвежо утро за разлика од вторник. Претпладнето ќе помине со мала до умерена облачност, додека попладне ќе има локално зголемување на облачноста и повремен , сосема слаб дожд во крајните западни и источни делови од земјата. Облачноста во текот на вечерта ќе се извлекува кон југоисточниот дел од земјава, каде ќе има сосема слаб и локален дожд.

Температурата во текот на денот ќе биде за нијанса пониска од онаа во вторник.

 

 

Четврток конечно носи генерално поубаво време. Наутро со локална умерена облачност, а доцна попладнеи вечер  ќе има услови за краткотраен дожд, но пред се на планинските места во западниот и јужниот дел од земјата. 
Температурата во текот на денот ќе има максимална вредност околу 25°С во северната половина на земјата, во југозападниот регион околу 24°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 27°С.

Петок ќе донесе значително помала облачност. денот ќе помине во посончево и суво време. Температурата во текот на денот ќе има повиска вредност во однос на онаа од четврток за околу 3°С.

15.09.2014 - 11:46


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа