Во Црна Гора ќе патуваме со македонска возачка дозвола
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзниниот колега од Црна Гора Рашко Коњевиќ денеска во Подгорица ќе потпишат спогодба за заемно признавање на возачките дозволи на граѓаните од двете земји.
Црна Гора е втората земја во регионот со која Македонија се договори за заемно признавање на возачките дозволи. Таква спогодба во јули годинава беше потпишана со Србија.
15.09.2014 - 11:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа