Кина најде решение за пешаци кои не го симнуваат погледот од телефонот

 

 

Голем број градови имаат патеки за велосипеди, мотори, но постои место во централна Кина каде постои нешто невидено, а тоа е патека за „зависници од мобилни телефони“.

Оваа необична патека постои во градот Чонгкинг, еден од петте најважни градови во државата. Шеталиштето го забележа еден турист, кој веднаш ја фотографирал невообичаена табла и ја постави сликата на социјалните мрежи.

Сличен експеримент направи и „Национална географија“ во јули, кога на едната страна на улицата стоеше натпис „без мобилни телефони“, додека на другата страна на тротоарот нивното користиење било дозволено.

Оваа „проба“ не успеа со оглед на тоа дека резултатот од експериментот „Национална географија“ беше тој што поголемиот број луѓе не ја ни забележаа таблата затоа што премногу биле окупирани со нивните паметни телефони. 

 

15.09.2014 - 10:56


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега