НАТО почна да доставува оружје во Украина?
Членките на НАТО почнаа со снабдување на Украина со оружје, изјави украинскиот министер за одбрана Валериј Гелетеј. Тој додаде дека разговарал со министрите за одбрана на како што наведе, водечки држави во светот, оние кои може да и помогнат на Украина и „кои се слушаат“.
– Снабдувањето со оружје е во тек, изјави Гелетај за украинскиот Канал 5.
Неговата изјава следува неколку дена откако слично соопштение од помошник на украинскиот претседател предизвика дипломатски скандал и бран демантирања.
Претседателот на Украина Петро Порошенко соопшти дека повеќе членки на Алијансата договориле директно снабдување со модерно оружје. Алијансата меѓутоа, повеќе пати повторуваше дека нема да испраќа никакво оружје ниту воена опрема за Украина, наведува Русија денес.
Помошникот на Порошенко, Јуриј Луценко на Фејсбук напиша дека САД, заедно со Франција, Италија, Полска и Норвешка ќе испратат модерно оружје за Украина, но споменатите држави соопштија дека не знаат ништо за тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа