Водостојот на реките во Хрватска на рекордно ниво
Водостојот на реките во северозападниот дел на Хрватска и понатаму е на рекордно ниво, а водостојот на реката Мура достигна ниво до 533 сантиметри.
Хрватските медиуми велат дека и во останатите делови од Меѓумурје, а на удар на Купа е градот Сисак, додека за утре се очекува воден бран на реката Сава да погоди делови од Хрватска.
Во Карловац се уште во сила е состојбата на општа опасност, иако водостојот на реката Коране се намалува. Жителите градеа брани, а околу 50-на се евакуирани.
Во пораст е и водостојот на Уна и поради тоа во Хрватска Костајница прогласена е вонредна состојба. Жителите стравуваат дека Сава нема да ја прими Уна поради што водостојот енормно би пораснал, се додава во извештаите на хрватските медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа