Прегазил татко со детенце - уште една страотна несреќа

Во сообраќајна несреќа која се случи вчера околу 19:30 часот на патот Краљево - Крагуевац, во Витановац кај Краљево, две лица им подлегнаа на повредите, од кои едното е малолетно, соопшти српското МВР.

Несреќата се случила кога патничко моторно возило марка "Ауди", кое се движело кон Краљево управувано од Ј.Л.(1985) од Велика Дреновакај Трстеник удрил во пешаците О.Ч.(1965) од Годачица и неговиот петгодишен син, кои починале на лице место.

Во тек е увид кој го врши заменикот на Основниот јавен тужител во Краљево во присуство на припадниците на сообраќајната полиција.

 

15.09.2014 - 09:36


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега